Црна хроника
Пронајдено телото на исчезнатиот чувар на езерото Козјак

Нуркачките тимови го пронајдоа телото на чуварот на езерото Козјак кој исчезна во средата.
Телото на 48-годишниот К.Б. од Македонски Брод било пронајдено вчера во водите на езерото.
К.Б. кој работел како обезбедување на браната сакал да ги затегне чамците, се лизнал и паднал во езерото.крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун

Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера (27.04.) во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“ согласно КЗ на РСМ.
Имено вчера околу 07,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, ,,Шкода Октавија“ и „Ауди А6“ кои што напоредно се движеле по патот. На знак „стоп“ возилото „Шкода октавија“ не запрело ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот. Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари. По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „Ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје.
На лице место извршен е увид од страна на инспектори од ОПКМСР при РЦ за ГР Југ и НК за КР при ОВР Неготино. По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба

Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта.
Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот.
Се работи за товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
14-годишно девојче нападнато од врснички во Аеродром

К.П.(41) од Скопје пријавила дека на 26 април во 20.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои ги познавала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.