Црна хроника
Полицаец и тројца навивачи повредени на натпреварот МЗТ-Работнички, приведени 12 лица
Еден полицаец и тројца навивачи се повредени во тепачка на натпреварот меѓу кошаркарските екипи на МЗТ и Работнички што се одигра во среда вечер во спортската сала „Борис Трајковски“. Во врска со инцидентот, полицијата привела 12 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во среда (2-ри април) пред завршување на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ и Работнички од Скопје, во спортската сала „Борис Трајковски” настанала тепачка помеѓу навивачите на клубот Работнички.
При интервенција на полицијата повреден бил полициски службеник, кој се здобил со телесна повреда, по што му била укажана лекарска помош во Градска општа болница.
Во тепачката биле повредени и тројца навивачи кои биле пренесени во Ургентен центар.
МВР информира дека се приведени 12 лица на коишто веќе им се издадени платни налози за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, а, исто така, и тројцата повредени навивачи ќе бидат санкционирани./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

