Црна хроника
Релативно мирно деноноќие
Билтенот од саботата на Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа, за среќа е оскуден, и притоа се забележани откривање на неексплодирана граната во скопско, како и каменување на автобус, а во Берово е запален приватен автомобил на пехчевец.
Во петокот на падините на скопска Црна Гора, кај скопското село Булачани локален жител обработувајќи ја својата нива пронашол неексплодирана граната од Втората светска војна, а увидот на лице место извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Во раните утрински часови во саботата во Берово, на улицата .„Илинденска” било пронајдено опожарено патничко моторно возило „лада” со штипски регистарски ознаки, во сопственост на 35-годишен жител на Пехчево идентификувано со иницијалите Г.П. Засега нема детални информации дали станува збор за подметнат пожар, но полицијата соопшти дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Во Тетово, пак, на улицата .„Иво Лола Рибар” при интервенција на полициски службеници по претходна пријава за нарушен јавен рад, при обид за легитимирање на 54-годишниот Д.Е.(54), кој бил видно под дејство на алкохол, почнал да ги навредува и да им се заканува, а при преземањето на мерки за негово приведување, почнал да дава активен отпор и физички да ги напаѓа. Во попречувањето на полициските службеници се приклучил и неговиот 21-годишен син Ќ.Е.. По целосното расчистување на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Скопјанец жител на улицата „Радишанска”, си ја повредил снаата за брат удирајќи ја со камен во главата.
Возач на автобус на скопското Јавно сообраќајно претпријатие ноќта кон саботата пријавил дека непознати лица го каменувале автобусот број 55 што тој го управувал на релацијата од селото Арачиново до Транспортен центар – Скопје. За среќа нема повредени, а оштетено е задното лево стакло. Учесниците во каменувањето што се случило во селото Арачиново, избегале во непознат правец, а полицијата во саботата преземаше мерки да го идентификува./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

