Црна хроника
Педофил од Скопје обљубил 13-годишно девојче

Кривична пријава против триесет ичетиригодишен скопјанец за сторено дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, поднесе Министерството за внатрешни работи.
В.Т., како што се наведува во соопштението на МВР, подолго време бил во љубовна врска со тринаесетгодишно девојче од Скопје, а минатиот месец во два наврати извршил полови дејствија над истото.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Т. за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Црна хроника
Момче две години ја демнело својата сосетка во Крива Паланка – ја следело, па ѝ се заканувало

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишно момче од Крива Паланка за демнење.
Од МВР информираат дека во периодот од март 2023 до април 2025 година, пријавениот ја следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.