Црна хроника
Идентификуван возачот што усмрти пешак во Илинден
Полицијата го идентификуваше возачот што на 3-ти април усмрти пешак во скопската населба Илинден и избега од местото на настанот. Станува збор за 23-годишниот Д.П. од Куманово, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторил две кривични дела, и тоа „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода”.
Пријавениот на минатиот четврток околу 21,30 часот, со нерегистриран автомобил марка „југо 45″, без возачка дозвола, во населба Илинден удри во 61-годишен пешак кој ја преминувал неосветлената улица на место каде што нема обележан пешачки премин.
По ударот, возачот не застанал да му укаже помош на повредениот пешак, кој поради пет тешки телесни повреди починал на самото место. Пријавениот со возилото продолжил да се движи кон село Пчиња, крај Куманово, каде го паркирал возилото во неговиот двор и наредниот ден ги сменил деловите од возилото кои биле оштетени од сообраќајната несреќа.
Во изјава пред полициски службеници Д.П. кажал дека не видел во што удрил и бидејќи се уплашил, не застанал и продолжил да вози кон неговиот дом./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.