Црна хроника
Запленети 295 кутии цигари на граничниот премин Делчево
Цариниците запленија 295 кутии цигари скриени во автомобил на граничниот премин Делчево, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Регионалниот центар за гранични работи Исток и граничната полиција во содејство со царинските службеници на ГП Делчево, при вршење на детална контрола на автомобил „рено лагуна” со делчевски регистерски таблички за излез од Македонија, откри 295 кутии цигари кои биле сокриени во специјално изработен бункер под задното седиште.
Автомобилот го управувал А.Ц. (28) од Делчево.
Возилото и пронајдените цигари се одземени и превземени од страна на Царинската испостава Делчево за понатамошна постапка.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.