Црна хроника
Приведен 19 годишник осомничен за убиството на Ангел
Министерството за внатрешни работи во вторникот на прес – конференција официјално ги соопшти деталите за грозоморното убиство што во понеделникот се случи во скопската населба Ѓорче Петров во која животот го загуби Ангел П.
Од таму информираат дека во текот на вчерашниот ден полициските службеници успеале да го уапсат осомничениот за стореното дело и соопштија дека станува збор за 19 годишно момче од Скопје.
Според информациите на МВР напаѓачот се обидел да укради велосипед од дворот на семејната куќа на сега веќе убиениот Ангел П., но откако забележал дека по него тргнале таткото на Ангел и жртвата веднаш се дал во бегство. Потоа таткото и синот со автомобил марка „Пежо” тргнале да го бараат крадецот и го пресретнале кај пешачкиот мост што води кон с.Сарај. по што веднаш настанала расправија и физичка пресметка меѓу жртвата и убиецот кој со убод од остар предмет во десната страна од градниот кош му задал убодна рана на Ангел.П. по што избегал од местото. Таткото веднаш го зел синот и го однел до европската очна болница со цел медицински лица да му помогнат. Сепак Ангел не успеал да дочека помош и им подлегнал на повредите.
Според информациите на МВР осомничениот го признал делото во полициска станица но сепак ќе се чека да заврши истрагата по што ќе се добие комплетната слика за овој грозоморен чин.
Предметот со кој е извршено свирепото убиство се уште не е најден поради, како што рекоа од МВР, неможноста тоа да го сторат од немирите кои беа предизвикани од граѓани кои излегоа да го изразат својот револт, но најавија дека истражните органи денеска ќе излезат на терен и ќе ја пребараат целта област за каде сметаат дека би можело да се наоѓа оружјето кое било искористено за време на убиството.
Од местото на трагичниот настан биле земени примероци од крв кои требало да се споредат со крвта која ја имало и на блузата на осомничениот. За обезбедување докази вештаците го зеле и велосипедот, а на осомничениот му биле земени отисоци од прстите.
Од МВР соопштија дека осомничениот им бил познат на органите на безбедноста и претходно за други сторени имотни деликти./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

