Црна хроника
Љубовни проблеми се причините за убиството и самоубиството во Ново Лисиче

Причините за убиството и самоубиството што се случи во среда вечер во скопската населба Ново Лисиче, неофицијално биле проблеми во љубовната врска на жртвите.
Како што информира полицијата, вчера околу 20 часот и 30 минути на бул. „Видео Смилевски Бато”, во близина на маркетот Рамстор, 42-годишен скопјанец со огнено оружје ја затрелал неговата 38-годишна девојка од Штип, а потоа се самоубил.
Жртвите биле во љубовна врска, а причините за трагедијата неофицијално се љубовни проблеми.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.