Црна хроника
Пожар во основното училиште „Дрита“ во село Рашче

Во основното училиште „Дрита“ во скопско Рашче во вторник вечер настанал пожар, од засега непознати причини.
Според првичните информации на полицијата, пожарот настанал вчера околу 23 часот, а по час и половина бил целосно изгаснат.
Полицијата сé уште врши увид на местото на настанот и најави повеќе детали за текот на денот.
Исто така, за денеска е најавена посета на училиштето од страна на градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдено оружје и муниција во Гостивар, приведено едно лице

Синоќа во 23.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Гостивар.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „ЦЗ“ со рамка со куршуми калибар 9мм.
Лицето било задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дрога и оружје пронајдени при претрес во Тетово

Вчера во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки, 100 куршуми калибар 9 мм, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен елефон и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.