Црна хроника
Финската полиција во подрум открила пет фетуси во распаѓање
Финската полиција открила остатоци од пет мртвороденчиња во распаѓање во подрум од стан во градот Оулу во северниот дел на земјата, по што ја уапсила станарката под сомневања за убиство, соопштија во средата локалните власти.
Полицијата, исто така, ја истражува содржината на пакети кои во подрумот од зградата во вторникот ги пронашле работници вработени на нејзиното одржување. Станарката изјавил пред полицијата дека во нив се тела ма мртвороденчиња кои ги родила во својот дом пред пет до десет години. Станува збор за мажена жена која има деца, пренесува Reuters повикувајќи се на соопштението на полицијата.
Полицискиот инспектор Сепо Леинонен изјавил дека полицијата ја уапсила жената, и појаснил дека „истрагата се води како убиство, имајќи го предвид фактот дека фетусите биле доволно развиени што во нормални услови би го преживеале породувањето’, изјавил Леинонен за Reuters. Инспекторот, меѓутоа, одбил да даде поединости за уапсената жена или за нејзиното семејство коешто во зградата се доселило пред неколку месеци. Полицијата се сомнева дека телата на мртвороденчињата ги донела со себе од претходниот стан.
Работниците на службата за одржување на зградата ја известиле полицијата дека од кутиите во подрумот се шири неснослива реа. Леинонен рекол дека нема причина да се верува дека кој и да де друг освен уапсената 35-годишна жена знаел за сокриените тела./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

