Црна хроника
МВР ја претстави новата Единица за одржување на јавен ред и мир и интервенции
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во четвртокот во центарот за обука во Идризово присуствуваше на промоцијата на новата Единица за јавен ред и мир и интервенции во рамки на организациските единици за општа безбедност и полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје.
Таа за време на настанот истакна дека Република Македонија како дел од модерните европски држави мора да ги следи новите техники и методи со кои располагаат македонските партнери од Европа за соочување со предизвиците во нивните поголемите градови, и применување на истите во најголемиот македонски град Скопје.
„Предизвиците со коишто се соочуваме во Скопје се предизвици со кои се соочуваат жителите на сите поголеми градови. Затоа и средствата со коишто располагаме за справување со овие предизвици, цениме дека треба да бидат на ниво на средствата и новите методи и техники со кои располагаат нашите партнери од Европа”, истакна Јанкулоска.
Таа потенцираше дека секаде во Европа и во регионот веќе одамна биле формирани вакви единици, при што нивна основна задача ќе биде воспоставување на нарушен јавен ред и мир од поголем обем со цел заштита на животот и имотот на граѓаните.
„Единицата за ЈРМ и интервенции ќе се грижи околу одржување на јавниот ред и мир на јавни собири од сите видови, почнувајќи од спортски и културни манифестации, најавени и ненајавени собири на граѓани и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања”, истакна министерката за внатрешни работи.
Јанкулоска додаде дека Единицата за ЈРМ и интервенции, покрај вонредни, редовни, посебни обезбедувања, асистенции и спроводи, ќе биде поддршка и на Полициските станици од општа надлежност во извршување на нивните секојдневни задачи како интервентна единица.
Единицата за ЈРМ и интервенции предвидено е да биде со посебна внатрешна организација, и опремена со специјална опрема за одржување и воспоставување на јавниот ред и мир и извршување на други посложени безбедносни задачи./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

