Црна хроника
МВР заплени 35 килограми марихуана
Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинска управа во петокот на ГП Богородица, на излез од Р.Македонија заплени 35 килограми висококвалитетна дрога, марихуана, со што уапеа да пресече меѓународен канал од Р.Албанија преку Р.Македонија – Р.Грција, со крајна дестинација земјите од Западна Европа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Дрогата била со потекло од Република Албанија и била сместена во патничко моторно возило „Пежо Партнер” со грчки регистарски таблички, управувано од 32 годишниот З.Р., албански државјанин.
За време на акцијата, со цел полесно пронаоѓање на наркотична дрога од страна на царинските службеници било употребено е службено куче – трагач на наркотична дрога кое што при обиколката на возилото реагирало на задниот дел од возилото, велат од МВР.
По контрола на возилото од страна на царинските и полициските службеници во возилото во просторот за багаж бил пронајден посебно изработен бункер каде била скриена дрогата.
За време на претресот бил пронајден и пиштол марка „Црвена застава ТТ” и рамка со седум куршуми калибар 7,62 милиметри.
Запленетата марихуана при продажба на нарко пазар би достигнал цена од околу 100.000 евра.
Од страна на МВР против З.Р. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи„.
Во сабота предвидено е пријавениот да биде изнесен пред судија по претходна постапка.
Министерството за внатрешни работи презема дополнителни мерки и активности за обезбедување на докази за други лица евентуално инволвирани во случајот, се вели во соопштението на МВР. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) МВР со детали за транспортот на 150 килограми марихуана, уапсени три лица од Скопје
Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.
Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.
Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „мерцедес“ во кое тие се превезувале.
На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана. По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.
Црна хроника
Присвоила мобилни уреди што и биле доверени во службата: кривична пријава за вработена во мобилен оператор во Струмица
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор.
Според полицијата, таа се сомничи за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови. Додека, на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.
Црна хроника
Ја претепал сопругата а потоа ја одзел нивната малолетна ќерка: кривична пријава за штипјанец
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „одземање на дете“.
На 17.11.2025 во Штип, пријавениот, кој бил со уште две лица, физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна сопруга, а потоа со помош на едно од лицата ја одзел нивната малолетна ќерка.

