Црна хроника
Прекршочна пријава за пукање со пиштол на свадба

Скопската полиција поднесе прекршочна пријава против едно лице затоа што пукало со пиштол на свадба.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6-ти овој месец во полициската станица Кисела Вода во 00,20 часот било пријавено дека од ресторанот „Градина” се слушнале истрели од огнено оружје.
Полициски службеници излегле на лице место и констатирале дека пукањето се извршило за време на свадба што се одржувала во ресторанот, односно дека лицето В.А. од гасен пиштол испукало 10 куршуми, а во околината биле пронајдени исто толку чаури.
Против В.А. е поднесена прекршочна пријава за сторен прекршок „неовластено пукање”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.