Црна хроника
Девојка повредена на концерт во МКЦ
Битолчанка на околу дваесетгодишна возраст била повредена во понеделник вечер на концерт во МКЦ откако врз неа паднало момче.
Девојката итно била пренесена во Ургентен центар со повреди на главата, а сега се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност.
Инцидентот се случил на концерт на групата Сепултура што се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Момчето кое паднало врз девојката од за сега неутврдена висина поминало без повреди.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

