Црна хроника
Езерската полиција спаси малолетници заталкани со педалина во Охридско езеро

Езерската полиција во понеделник попладне спаси тројца малолетници кои поради невремето со педалина заталкале во Охридското езеро во Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското Езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Акцијата е извршена вчера околу 16 часот во езерските води во близина на хотелот ‘Бисер’ на струшкото крајбрежје”, стои во соопштението на МВР.
Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалина која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води.
Езерската патрола извршила итно пребарување на езерскиот квадрант и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер” ја забележале педалинката и тројцата малолетници.
Поради големите бранови, информираат од МВР, децата биле видно вознемирени и не можеле да ја управуваат и контролираат педалинката што претходно ја изнајмиле пред хотелот „Дрим” во Струга.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.