Црна хроника
Тенеси: Канибал убил жена , ја расекол на парчиња и ја јадел

Полицијата во Тенеси го уапсила 37 годишниот Грегориј Скот Хал за убиство на жена, откако признал дека со неа се запознале еден ден претходно по што ја убил, а потоа ја расекол на парчиња и ја јадел.
Грегориј на истражителите им кажал дека страшното злосторство го направил во куќата на неговите родители.
Полицијата, несреќната жена, ја идентификувала како Лиса Мари Хајдер, пишуваат локалните медиуми.
Во канцеларијата на шерифот, Кофи Конти во Тенеси, пристигнала дојава од соседите кои во телефонскиот повик рекле дека имаат причини да веруваат дека Хал извршил убиство.
Кога полициските службеници тропнале на неговата врата, Хал им раскажал дека прво ја обезглавил жртвата, и ги отсекол рацете и стапалата, а потоа признал и дека изел еден дел од својата жртва.
Неговите родители најверојатно воопшто не знаеле за убиството бидејќи во моментот на злосторството биле во другиот дел од куќата.
Полицијата се уште го истражува случајот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.