Црна хроника
Малолетничка пријавена за исчезната пронајдена во кафеана во Жеровјане
Малолетничка од Скопје која била пријавена како исечзната во сабота вечер била пронајдена во угостителски објект во тетовско Жеровјане во кој работела како танчерка.
Заедно со неа, во кафеаната „Ловец“ во сопственост на Ш.А. (42) од Мала Речица биле затекнати уште шест државјанки на Македонија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, малолетничката во недела напладне им била предадена на нејзините родители.
Полициски слжбеници на СВР Тетово во текот на изминатата ноќ извршиле акциска контрола и во објектот „Ориентал АС“, исто така, во тетовското село Жеровјане.
Во кафеаната во сопственост на 25-годишниот Х.А од Боговиње, затекнати биле пет странски државјанки, од кои три од Бугарија и две од Србија, на возраст од 21 до 26 години, а кои биле ангажирани како танчерки. Петте странски државјанки биле приведени, а потоа биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, во рамките на која ќе се утврдуваат сите поединости околу нивниот престој и работа на подрачјето.
Оваа акциска контрола е планирана активност на СВР Тетово за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето и за евентуална нивна инволвираност во трговија со луѓе или во други криминални дела, соопшти МВР. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

