Топ
81-годишна жена од Скопје починала по удар од автомобил

81-годишна жена од Скопје починала по тешките повреди кои ги добила од удар на автомобил, соопшти полицијата.
Имено синоќа околу 19,45 часот во Скопје на крстосница од ул.Јустинијан Први со ул.Корџевска патничко моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Скопје, удрило во пешак С.Б.(81) од Скопје.
С.Б. била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош, но во 23.00 часот починала како последица од повредите.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Пред Кривичен се бара правда за „Феликс“: Држава која не превенира и санкционира, охрабрува насилство!

Пред Кривичниот суд во тек е протест на кој се бара правда за кучето Феликс, кое беше претепано со метална шипка, а умре по два месеца во агонија.
Протестот се случува денес, кога требаше да биде одржано првото рочиште, но на крајот беше одложено бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство.
Активистите пред судот најавија поднесување на Иницијатива за измена и дополна на Кривичниот закон до Владата, со внесување на нови прецизно дефинирани категории – нови квалификувани форми на кривично дело мачење на животни.
„Феликс се мачеше 52 дена и умре, затоа што беше мирно бездомно куче кое не се ни обиде да се одбрани или нападне. Кое и покрај сето зло кое му беше нанесено, им веруваше на луѓето кои неполни 2 месеци се бореа за негов живот. Тука сме зошто бараме одговорност и затворски казни за сторителот и соучесниците“, порачаа активистите.
Се додава дека во нашата држава сведоци сме на фрапантни и секојдневни случаи на насилство врз животните, безумие и суровост на начини кои не може а да ги смисли нормален ум, без граници; насилство кое неминовно ескалира, доколку не се препознае и казни соодветно. Тоа се девијантни и непресметани лица околу нас, нашите деца, семејства.
„Држава која не превенира и санкционира, охрабрува насилство! Бараме зголемување на санкциите предвидени со член 233 (Убивање и мачење на животни) особено по правно лице, и воведување на нови, квалификувани форми на извршување на ова дело. Конкретно, покрај зголемување на казните, бараме: 1) воведување на засебно кривично дело: Борби со животни; 2) засебно кривично дело: Напуштање на животни; 3)воведување на засебна безбедносна мерка – Забрана за чување и стекнување животни, која може да се изрече за најтешки случаи на злоупотреба на животни кога околностите на извршувањето упатуваат на опасност од повторување на кривично дело“, појаснуваат активистите, додавајќи дека нивните барања се базираат на успешни европски примери во законодавството, меѓу кои Хрватска, Италија, Франција, Полска.
Протестот го иницираеше здружението „Анима мунди“, а е поддржан и од иницијативата „Зелен хуман град“.
Обвинетите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се товарат за убивање и мачење животни“, Член 233 став 1 од Кривичниот законик кој гласи „тој што ќе усмрти животно без оправдана причина или грубо го злоупотребува или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години”.
Македонија
Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година.
Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување.
Македонија, исто како и минатата година, има 67 од 100 поени.
Организацијата со седиште во Вашингтон, за мерењето користи систем од нула до сто поени, рангирајќи ги земји од светот како слободни, делумно слободни и неслободни.
Свет
Протекуваат детали за клучниот договор меѓу Украина и САД

Киев се согласи со условите на договорот за минерали за ретки земји со САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да го потпише веќе задутре во Вашингтон, додека Европејците ќе се состанат денеска во Брисел за да се обидат да влијаат на решавање на конфликтот во Украина. Нови детали од договорот протекоа во текот на ноќта.
Што вели договорот?
Извор запознаен со содржината на нацрт-договорот рече дека договорот не вклучува никакви американски безбедносни гаранции, ниту пак продолжување на испораките на оружје, но наведува дека САД сакаат Украина да биде „слободна, суверена и безбедна“, пренесува Ројтерс.
Друг извор изјави за Ројтерс дека идните испораки на оружје сè уште се разговараат меѓу Вашингтон и Киев.
Украинска Правда: Суровини во замена за поддршка
Украинскиот онлајн портал „Украинска правда“ објави дека е постигнат договор за американски пристап до суровини во земјата погодена од конфликтот, во замена за поддршката од Вашингтон, додавајќи дека видел нацрт-договор, пренесува дпа.
Висок украински функционер синоќа за АФП изјави дека Американците ги „отстранија сите клаузули кои не ни одговараат, особено онаа за 500 милијарди долари“ што минералите требаше да ги донесат во САД.
Приходите ќе одат во заеднички фонд.
Истиот извор изјави за АФП дека Вашингтон ќе развие рудно богатство со Украина, а приходите од тоа ќе одат во нов фонд со кој заеднички ќе управуваат Украина и САД.
„Слушнав дека доаѓа во петок. Тоа е сосема во ред со мене. Тој би сакал да го потпише со мене и го разбирам тоа – тоа е голема работа, многу голема работа“, им рече Доналд Трамп на новинарите во вторникот во Белата куќа.
„Белата куќа предложи посета на Зеленски“
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека Белата куќа предложила посета на Зеленски. Официјални лица од двете страни се согласија со нацрт-договорот за минерални суровини и советуваа тој да биде потпишан, рече изворот.
Состанокот во Белата куќа може да му даде можност на Зеленски директно да му го претстави на Трамп случајот за континуирана американска поддршка за Украина, откако американскиот претседател минатата недела го обвини Киев за започнување на војната.
Американскиот претседател побара од Украина да му дозволи пристап до минералните суровини како компензација за помошта од милијарди долари доделена на Украина од администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден.
Клучни минерали
Украина има наоѓалишта на 22 од 34 минерали идентификувани од Европската унија како критични суровини, според украинските податоци. Тие вклучуваат индустриски и градежни материјали, феролегури, благородни и обоени метали и некои ретки земни метали.
Украинските резерви на графит, клучна компонента во батериите на електричните возила и нуклеарните реактори, претставуваат 20 отсто од светските ресурси.
Во пресрет на евентуалното потпишување на договорот в петок во Вашингтон, лидерите на 27-те членки на Европската унија во среда ќе се сретнат на вонредна видео-конференција на тема Украина.
Што сакаат Русите?
Во исто време руските сили продолжуваат со нападите.
Русија, која окупираше околу 20 отсто од територијата на Украина, инсистира дека ќе ги прекине непријателствата само кога мировните преговори ќе дадат резултат што ја „задоволува“. Таа бара Украинците да се откажат од можното членство во НАТО и да отстапат пет региони кои целосно или делумно ги окупирала.
„Балансиран став“
Од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин на 12 февруари, Европејците се обидуваат да подготват одговор на овие разговори од кои досега беа исклучени. Францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа инсистираше на „безбедносни гаранции“ за да се спречи Русија повторно да нападне во иднина.
Паралелно со средбата во Вашингтон, пукнатините меѓу Европејците и Американците се материјализираа на спектакуларен начин во Обединетите нации, каде што САД, заедно со Русите и Севернокорејците, гласаа против резолуцијата со која се потврдува поддршката за Украина и нејзиниот територијален интегритет.
Ова беше можност Кремљ во вторникот, преку портпаролот Дмитриј Песков, да ја поздрави „целосно избалансираната позиција“ на САД и да каже дека не гледа „знак на рамнотежа“ меѓу Европејците.
Макрон: Крај на војната можен за неколку недели
Макрон се обиде да влијае на позицијата на Доналд Трамп во понеделникот, а британскиот премиер Кир Стармер ќе се обиде да го стори истото во четврток.
„Ние цениме дека нашите партнери се подготвени не само да продолжат, туку и да ја зголемат поддршката за нашата земја и нашиот народ“, рече Зеленски во вторникот вечерта по телефонскиот разговор со Макрон.
Со доаѓањето на власт на 20 јануари, републиканскиот милијардер ја промени американската политика кон Украина. Војната во Украина може да заврши „за неколку недели“, увери Трамп во понеделникот.
Наскоро доаѓа нова американско-руска средба
Нова средба меѓу руски и американски дипломати е планирана за крајот на неделата, според Москва. Првите средби меѓу министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Марко Рубио се одржаа во Саудиска Арабија на 18 февруари.
Во меѓувреме, Обединетото Кралство и Франција работат на план за распоредување европски сили во Украина откако ќе се постигне мировен договор за да се одврати Русија од понатамошни напади.
А Трамп рече дека верува оти е потребна некаква форма на мировни сили во Украина доколку се постигне договор за ставање крај на конфликтот. Американскиот претседател во понеделникот рече дека Москва ќе прифати такви мировни сили, но Кремљ следниот ден го негираше тоа.