Црна хроника
Албански државјани ги нападнале и ограбиле сопружници во Гостивар

Гостиварската полиција поднесе кривични пријави против четворица албански државјани, едниот идентификуван, а останатите тројца непознати лица, за разбојништвото што го извршја пред три дена во Гостивар.
Разбојниците ноќта на 22 септември околу 1 часот влегле во куќа и нападнале и ограбиле двајца сопружници додека спиеле. На мажот му ги врзале рацете, а на жената и ја затвориле устата со рака, и ги врзале рацете и почналале да им се закануваат да не викаат, барајќи им пари.Едно од лицата одзело елек во кој имало 1.300 денари и мобилен телефон на мажот., а на жената и ги извадиле двете златни алки од рацете и една златна огрлица, по што пронашле и женска чанта во која имало паричник со по една банкнота од 50 евра, 20 евра, 50 швајцарски франци и две банкноти од 20 швајцарски франци. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Згмечен работник на „Комунална хигиена“, камионот, возејќи рикверц, удрил во ѕид

Работник од „Комунална хигиена“, кој стоел на металната конструкција на камионот, бил згмечен кога возилото, враќајќи се наназад, удрило во бетонски ѕид од куќа во Сингелиќ.
„На 6.2.2023, во 8.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Сингелиќ, Скопско, товарно возило ‘форд’ на ЈП ‘Комунална хигиена’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. Ш. (55) од Скопје, движејќи се наназад, удрило во бетонски ѕид од куќа. На металната конструкција од возилото стоел работникот М. П. (34) од Скопје, кој од ударот во ѕидот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од полициска екипа.
Црна хроника
Фатен скопјанец кој со потерница се барал за обид за убиство

Дваесет и осумгодишен скопјанец бил приведен вчера на улицата Ацо Шопов во Скопје. За него била распишана централна потерница поради обид за убиство, извршен на 21 август минатата година на подрачјето на Карпош.
Тој со огнено оружје му нанел повреда на Б. Ѓ. (44) од Скопје, велат од МВР.
Од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил предаден на надлежната казнено-поправна установа.
Црна хроника
Тетовци изнудиле 18.630 евра од сограѓанин за да не објават компромитирачки материјал

На 6.2.2023, во 19.50 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово, од слобода ги лишиле З.Д. (33) од с. Голема Речица, Тетовско, и Ј. А. (60) од с. Пирок, Тетовско.
По преземените мерки, било утврдено дека од средината на јануари 2023, З. Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
Според пријавеното, З. Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј. А., такси-возач. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј. А., кој подоцна му ги доставувал нему.
Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
З. Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.