Црна хроника
Се преврте „сканија“, возачот загинал на лице место

Возач на камион загина на лице место кога „сканија“ се превртела во четвртокот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на планинскиот превој Барбарос.
Несреќата се случила околу 10.30 часот, кога шеесет и шетгодишниот прилепчнаец кој управувал со камионот во сопственост на фирмата „Смит-транс’ од Прилеп, движејќи се во правец на Македонски Брод, изгубил контрола над возилото и се превртел на коловозот, при што починал на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. Сообраќајот беше во целосен прекин од 10.30 до 19.25 часот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Тетово уапсен дилер за издржување затворска казна во „Идризово“

Во утринските часови на 1 март тетовската полиција го привела 47-годишниот М. З. (47) од тетовското село Мала Речица за издржување казна затвор од една и пол година поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осуденикот бил спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.
Црна хроника
Обвинети шест лица за прикажување лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром

Шест лица биле фатени на скопскиот аеродром со фалсификувани ПЦР-тестови на Ковид-19, кои наводно им биле извадени од лаборатории во Скопје.
„Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело фалсификување исправа во согласност со член 378 став 1 од Кривичниот законик.
При излез од државата, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови на SARS-CoV-2, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории“, соопшти Обвинителството.
Црна хроника
Кривична за охриѓанец што возел со фалш дозвола

Oхридската полиција поднесе кривична пријава против 22-годишниот П. Т. од овој град поради сомнение за сторено кривично дело фалсикување исправа.
Како што информираат од МВР, при преглед извршен на 9 ноември минатата година кај него била пронајдена фалсификувана возачка дозвола по што, по извршени проверки, констатирано е дека тој воопшто не поседувал возачки документи.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер