Црна хроника
Албански и македонски државјанки нелегално работеле во објект во Желино

Три албански и седум македонски државјанки нелегално биле вработени како пејачки и танчерки во угостителки објект во село Желино, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Девојките биле откриени во четврток во угостителскиот објект ’Ерди босс’, во сопственост на Ј.Ф. (37) од Желино.
При акцијата во објектот биле затекнати три албански државјанки од Кукс, кои биле ангажирани како пејачки, а истите не поседувале документи за вршење на таква дејност, со што сториле прекршок по Законот за странци.
Во акциската контрола, исто така, затекнати биле и седум женски лица од различни градови од нашата земја коишто нелегално работеле во објектот.
Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Секторот за внатрешни работи Тетово.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.