Црна хроника
Алсат М: Командант Малишева се обидел да се самоубие во притвор?
Еден од лидерите на кумановската група, Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, се обидел да се самоубие во притвор, јави телевизијата Алсат М, повикувајќи се на неофицијални извори.
Според засега непотврдените информации, Красниќи се обидел да се отруе со пиење солна киселина.
Овој случај доаѓа во период кога осомничените припадници на „кумановската група“ даваат изјави пред надлежниот Јавен Обвинител. Според извори блиски до приведените, тие имале чувство на несигурност, а барале и изјавите кои ќе ги дадат пред надлежен јавен обвинител да бидат дадени во камера, односно снимени со видео запис. Пред само неколку дена нивните адвокати се жалеа дека спротивно на законот за кривична постапка, нивните клиенти не добиле увид во доказите против нив пред да ги дадат изјавите. Од Јавното обвинителство, денеска велат ќе им ги дадат доказите, но откако ќе бидат комплетирани. /крај/алсатм
Извор: Алсат-М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

