Црна хроника
Автомобил излета од патот – еден загинат и еден повреден
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила утрово на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај местото Шести километар, соопшти МВР.
Според првичните информации, автомобил „форд“ излетал од патот и директно удрил во едно дрво покрај патот. Според првичните информации загинал совозачот на автомобилот, додека возачот е хоспитализиран во Клинички центар во Штип.Автомобилот го забележал возач што поминал на патот и пријавил во полиција околу 8.45 часот. Сообраќајот на регионалниот Штип – Радовиш се одвива по една лента, а регулацијата ја врши сообраќајната полиција./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки
Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.
Црна хроника
Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш, доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 2 од Кривичниот законик.
Пријавениот Б.И. – самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш во ОВР Радовиш, на 20.12.2024 во службени простории на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш О.Г..
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Уапсен тетовец, баран по потерница за издржување казна затвор
Вчера во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 30-годишниот К.В. од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Тетово за издржување казна затвор.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.