Црна хроника
Автомобил удрил во коњи на автопат, жена загина, девојче полесно повредено
Жена од тетовското село Мала Речица загина, а десетгодишно девојче е полесно повредено во несекојдневна сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Гостивар во вторникот вечерта околу 21.45 часот.
Тричлено семејство кое се превезувало со автомобил „ситроен Ц5“ удрило во коњи кои се движеле на автопатот. Повредените биле пренесени во гостиварската болница, но триесет и осумгодишната мајка им подлегнала на повредите. Девојчето било со полесни повреди, додека возачот останал неповреден. Сообраќајот од месноста Неготинска клучка до наплатната рампа во Гостивар, беше во прекин, а сообраќајот се одвиваше по спореден пат.Јавен обвинител во присуство на екипа на полициската станица од Гостивар извршија увид, по што во часот сообраќајот се одвиваше непречено.Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во неколку наврати преку соопштение апелираше за внимателност на овој дел од патот, како и до сопствениците на живината не контролирано да не ги пуштаат бидејќи по некое не пишано правило постојано се упатуваат кон автопатот./крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

