Црна хроника
Битолчанец ја грабнал поранешната девојка и ја тепал со тупаници
Битолчанец насилно ја однел во неговиот дом поранешната малолетна девојка и ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици.
Инцидентот којшто се случил во средата го пријавила мајката на девојката истиот ден во СВР Битола. Според нејзината пријава во средата околу 14 часот осумнаесетгодишниот битолчанец ја пресретнал нејзината малолетна ќерка насилно ја однел во својот дом, ја затворил во една од собите и ја нападнал со тупаници по телото и шлаканици по лицето.Во собата влегол неговиот татко, па девојката го искористила моментот и усепала да избега од куќата. Момчето е приведено и против него ќе следува пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

