Црна хроника
Битолчани се обиделе да продадат културно наследство во Грција
Тројца битолчани се осомничени дека се обиделе да продадат во Грција предмети кои претставуваат културно наследство за Македонија, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.
Осомничените на непознат начин прибавиле два предметa кои претставуваат редок примерок со особено културно значење за Македонија , односно женска фигура и глава која е составен дел на истата фигура изработени од мермер. Предметите ги задржале за себе и не ги пријавиле кај надлежните институции.Во периодот од септември до 6-ти октомври се обиделе да ги изнесат предметите преку државната граница со Грција и да ги продадат на непознато лице. Со тоа сега пријавените предизвикале штета на интересите на Македонија за зачувување и заштита на културното и историско наследство.Против нив е поднесена кривична пријава за „присвојување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и за обид да сторат кривично дело „изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.Битолската полиција поднесе кривична пријава и против двајца жители на битолското село Породин, бидејќи оштетиле археолошко наоѓалиште додека копале на нива.Додека вршеле земјоделски работи на нива, оштетиле археолошко наоѓалиште, локалитет „Велушка Тумба“, кое се наоѓа во средината на обработливо земјиште, околу кое се простира заштитен појас. Земјиштето кое го обработувале им било дадено на користење од страна на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“. Пријавените знаеле дека на земјиштето кое го обработуваат има локалитет, но не знаеле кои се точните граници на локалитетот бидејќи не било обележано. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

