Црна хроника
Братот на сопругата на војникот успеал да му ја одземе пушката на убиецот
Професионалниот војник, Драган Манаилов откако застрелал педесет и едногодишен жител на Злетово и таткото и мајката на неговата сопруга заминал во домот кадешто живееле со неговата сопруга, соопштуваат од МВР.
Таму физички се пресметале со братот на неговата сопруга кој успеал да му ја одземе службената автоматска пушка со која ги извршил убиствата, по што избегал.Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со соопштение со детали за тројното убиство што се случи утрово во Злетово, пробиштипско. Утрово околу 6.40 часот во полициската станица во Пробиштип, граѓанин пријавил дека слушнал истрели во куќа сопственост на педесет и едногодишен жител на Злетово, а веднаш потоа сопругата на војникот пријавила дека слушнала истрели во куќата на нејзините родители.Во една куќа било најдено безживотното тело на педесет и едногодишниот Методи Д., а во другата куќа биле најдени мртвите тела на родителите на сопругата на војникот, 65-годишниот Илија М. и 63-годишната Јана М.Полицијата веднаш стапила во контакт со Армијата на Македонија, каде бил вработен осомничениот и било утврдено дека тој своеволно го напуштил работното место. По неколку часа од убиството, во непосредна близина на бачило кај Злетово пронајдено е леце кое се самоубило со бесење. „Во тек е идентификација односно потврда на идентитетот на лицето и проверка на информациите дека станува збор за осомничениот“ соопштуваат од МВР.Досега против четириесетгодишниот Драган Манаилов биле поднесени две кривични пријави за сторени кривични дела телесна повреда и тешка телесна повреда сторени во семејството, а во тек била бракоразводна постпака меѓу сопружниците.Сепак од Генералштабот на АРМ велат дека Манаилов имал чисто војничко досие, ноќеска војникот бил на стража во кумановската касарна. Тие го осудуваат чинот на нивниот вработен.„Напомнуваме дека согласно правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба“ се вели во соопштението од АРМ. Оттаму велат дека не биле известени дека имало пријави за нивниот вработен, а немале основа за дисциплинска постапка, бидејќи немало правосилна пресуда против него.
Медиумите јавуваат дека причината за тројното убиство била врската на неговата сопруга со внукот на убиениот Методи Д. Според пишувањата на медиумите, љубовникот се спасил во последен момент, успеал да побегне, но не и неговиот чичко. Осомничениот претходно војувал и во Авганистан./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

