Црна хроника
Бугарки „гатале“ против магии по куќи и украле над 1 милион денари
Две Бугарки лажеле дека се гатачки и под изговор дека ќе растеруваат магии ограбувале скопјанки и украле вкупно над 1 милион денари за два месеци.
Ограбувале жени додека разгледувале во продавници и жени кои ги сретнувале пред зграда и кои ги убедувале дека има фрлено магија врз нив или нивните семејства.
Оделе кај нив дома за да им гатаат и наводно да им ги тргнат црните магии и ги ограбувале. Сите кражби и измами ги вршеле на сличен начин.
На 3 јули сретнале скопјанка пред зградата во која таа живеела и рекле дека и имаат направено магии и дека треба да и се гледа за да се тргнат магиите. Додека и гатале, едната од измамничките зела 750 евра, 5000 денари и златни предмети сопственост на оштетената, ги врзала во крпа и ги вратила во креденецот, односно само крпата без парите и предметите во неа.
Потоа, на жената и рекле да не ги отвора до понеделник и си заминале.
Десет дена подоцна на идентичен начин ја пречекале друга жена пред маркет и се понудиле да и ги пренесат работите до станот каде што живеела. Откако влегле во станот едната од нив и се понудила да и гледа, за што и побарала пари.
Оштетената извадила пари и додека првопријавената разговарала, второпријавената ја искористила ситуацијата и и го украла паричникот во кој имало 10.000 евра и 10.000 денари и избегале.
На друга жена во скопската населба Ѓорче Петров, една од Бугарките, и се понудила да и гата, при што и побарала да ги даде обетките и прстенот,а потоа ги зела со себе со изговор дека ќе ги носи во црква за да се фати баењето, а потоа ќе и ги врати во 16.30 часот. Но, избегала и не се вратила.
Друго семејство од Скопје го убедиле дека на синот кој е во странство му е направена магија и побарале од него да ги извади сите пари и злато што ги имале дома за да ја растурат магијата.
Откако им ги дале сите пари и злато што го имаат, ги завиткале во крпа и маица, ги однеле во тоалетот и им рекле околу пет дена да не се отвара крпата. Откако избегале со сите пари и злато семејството сфатило дека во крпата нема ништо и дека им ги украле сите пари и злато.
Против двете се поднесени кривични пријави и одреден им е притвор./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

