Црна хроника
Четворица повредени кога автомобил падна од Спомен костурницат на кружниот тек кај Велес
Страотна сообраќајна несреќа се случи во саботата попладне кога автомобил марка „фолцваген шаран“ во кој имало тројца тинејџери и мало дете, излетал од патот дирекно на коловозот од кружниот тек на источниот влез во Велес.
Страотна сообраќајна несреќа се случи во саботата попладне кога автомобил марка „фолцваген шаран“ во кој имало тројца тинејџери и мало дете, излетал од патот дирекно на коловозот од кружниот тек на источниот влез во Велес.
Очевидци на несреќата се малолетни деца, познаници на сега повредените. Тие за порталот Лисица изјавија дека трите возрасни момчиња се другари, додека најмладиот патник е брат на едно од тинејџерите. Неколкупати вртеле круг со автомобилот околу Костурницата, но последниот круг бил кобен.
„Кога излета колата од грмушките, ние се симнавме од горе и видовме дека колата паѓа надолу … Видов како колата паѓа. Го видов човекот како стои на дрво… Тој стоеше… Не лежеше, во легната положба беше оној веднаш до дрвото“, велат очевидците на страотната несреќа.
На местото на несреќата први притрчале да помогнат вреботените во блиската бензинска пума. Тие велат дека глетката била страотна.
„Брзо потрчавме со колегата надвор. Се помисливме од каде може да биде, почнаа луѓето одозгора да викаат дека автомобило паднал од горе. Детето, најмалото, беше на патот излетано од автомобилот. Со првиот автомобил што наиде беше пренесено во болница. Неколку минути по нашите повици дојдоа и од итната помош и од полицијата“, вели вработената во бензиска станица.
Повредените веднаш се пренесени во Градската болница во Велес. Поради сериозноста на повредите, најмладиот седмугодишен патник од хаварисаното возило е пренесен на лекување на Скопскиот клинички центар.
„Детенцето е со повреда на глава во сериозна состојба и пратено е за Скопје на клиника со присуство на анестезиолог. Овде се заджани тројца, моментално се на ренгенски и ехо испитувања. Нивната состојба е стабилна, имаат скршеници“, изјави д-р Љубчо Леов од велешката болница.
На местото на несреќата увид направи екипа на Секретаријатот за внатрешни работи Велес. Неофицијално, причина за излетување на автомобилот била неприлагодената брзина со која бил управуван. Видливи траги на кочење нема./крај/мф/ди
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

