Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајка меѓу цистерна и автомобил
Сообраќајна несреќа се случи во четврток наутро во Скопје, на бул. „Србија“, на крстосницата со бул „Борис Трајковски“, во која, повредени се четворица.
Сообраќајна несреќа се случи во четврток наутро во Скопје, на бул. „Србија“, на крстосницата со бул „Борис Трајковски“, во која, повредени се четворица.
Во сообраќајката која се случи во близина на Цементарница Усје, цистерна удрила во патнички автомобил, во кој се возеле петмина, од кои четворица се пожалиле на повреди и се пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“, вели за Макфакс, портпаролот на МВР, Лиза Бендевска.До несреќата дошло кога возачот на цистерната која се движела по булеварот „Србија“ во правец кон населбата Аеродром од непознати причини решил да се врати назад и почнал да врти полукружно, со што влегол во спротивната лента на движење.Цистерната удрила во патнички автомобил марка „лада самара“ со кумановски регистарски таблички и го туркала сѐ до тротоарот на спротивната страна.Во автомобилот имало пет лица, од кои четворица биле повредени и со амбулантно возило се пренесени во клиничкиот центар.Сообраќајот на местото на сообраќајката е во застој, блокирани се сите три ленти кои водат од населба Аеродром кон цементарницата, а возилата се принудени да ја заобиколуваат сообраќајката преку тротоарот.Полиција направи увид на лице место, а сѐ уште се работи на расветлување на случајот./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

