Црна хроника
Дедо загина возејќи мопед

Во Радовиш, во четвртокот, при судар на автомобил и мотор, загина возачот на моторот, соопшти полицијата.
Во Радовиш, во четвртокот, при судар на автомобил и мотор, загина возачот на моторот, соопшти полицијата.
Имено, околу 17.20 часот во Радовиш, на раскрсница од ул.„Плачковица“ и ул.„Кирил и Методиј“ случена е сообраќајна незгода помеѓу „БМВ“ со радовишки регистарски ознаки управувано од Н.М.(66) и мопед управуван од Александар П.(76) од Радовиш.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и со возило на брза помош пренесен бил во Клиничкиот центар Штип, каде во петокот, им подлегнал на повредите.
Од страна на Ј.О. увидна екипа од ПС Радовиш излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.