Црна хроника
Детали за синоќешниот инцидент во ГОБ „8-ми Септември“

Починатото лице поради коешто во петокот вечерта поголема група негови пријатели и роднини го демолираа влезот во Ургентниот центар на Градската општа болница во Скопје „8-ми Септември“, најверојатно доживеало срцев удар во петокот околу 18 часот и откако со брза помош бил донесен во болницата и покрај 40-минутниот обид на двајца лекари специјалисти и анестезиолог да го реанимираат пациентот, кај него немало дишење ниту срцева реакција, па медицинската екипа констатирала смрт.
Според неофицијалните информации, починатиот чиј идентитет досега не го соопшти ниту болницата ниту министерството за внатрешни работи, бил на возраст од околу 40-години и заедно со поголемо друштво бил во локал на Бит пазар, каде му се слошило и најверојатно доживеал инфаркт. Била повикана Брза помош која за кратко време го префрлила во Градската општа болница „8-ми Септември”, каде по обидот за реанимација дежурните лекари констатирале смрт.
Поголема група од пријателите на пациентот, според изјавата на директорот на болницата д-р Сашо Стојчев, дежурните лекари проценуваат дека станува збор за околу триесетина лица, од кафеаната исто така се упатиле кон болницата, а кога биле известени дека нивниот познаник починал, го истуриле својот гнев врз инвентарот во болницата, но медицински персонал не бил нападнат.
Предизвикана е поголема материјална штета а, исто така, пријателите насилно со себе го земале и телото на починатиот и заминале во непознат правец со возило без регистарски таблички.
Подоцна од болницата е контактирано со семејството на починатиот и успеале да се договорат да ги потпишат документите со кои и формално потврдуваат дека бараа ат на телото да не се врши обдукција, бидејќи според практиката, доколку семејството не побара поинаку, се право медицинска обдукција врз телото на секој пациент кој ќе почине во болница за да се утврди причината за смртта.
Екипа на МВР направила увид во ГОБ „8-ми Септември“ и во собата за реанимација каде дел од толпата влегла./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.