Црна хроника
Дете паднало во трафостаница во којашто избувнал пожар
Дете од Прилеп паднало во трафостаница во којашто избувнал пожар и се здобило со изгореници на грбот, рацете, и десната нога.
Инцидентот се случил во неделата околу 19 часот во населбата Жабино маало во Прилеп на улицата „Ленин“. Додека група од околу три/четири деца минувале покрај трафостаница на која вратата на просторот кај високонапонските осигурувачи била отворена. Од зaсега непознати причини избувнал пожар, при што едно од децата на возраст од 14 години од Прилеп, паднало во трафостаницата. Од страна на останатите деца бил изваден, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на грбот, рацете и десната нога. Од екипа на противпожарната единица Прилеп пожарот е изгаснат./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.
Црна хроника
Скопјанец предизвикал пожар и ги оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска, до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И. Х. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело тешки дела против општата сигурност по член 292, а во врска со кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, по преземените мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.5.2023 под мостот „Беласица“ пријавениот предизвикал пожар на т.н. просторија за компензација на топловодот, кој се проширил на термичката изолација и на топловодните цевководи, кои се дел од топлификациска мрежа на „ЕСМ – Снабдување со топлина“, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.
Инаку, пријавениот И. Х. од 12.9.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.