Црна хроника
Девет македонски државјани депортирани од Косово

Девет македонски државјани биле депортирани од Косово. Истите платиле по 300 и 150 евра за да бидат превезени во Германија со намера таму да побараат азил.
Според информациите на МВР, на 21-ви август, на граничниот премин „Долно Блаце“биле депортирани девет македонски и еден српски државјанин поради илегален влез во Косово.
По преземени мерки било утврдено дека лицето Ф.Б. (30) од Гостивар, во претходен договор со лицата за сума од 300 евра за возрасен и 150 евра за деца се обидел да ги превезе до Германија со цел да побараат азил, по што на 20-ти август, преку неотворениот премин „Станчиќ“ со возило „форд транзит“ успеале илегално да ја преминат државната граница.
Против Ф.Б. полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.