Црна хроника
Деветнаесетгодишен кичевец силувал врсничка
Деветнаесетодишен жител на кичевското село Осој силувал врсничка, а против него е поднесена кривична пријава и се наоѓа во битолскиот затвор каде одлежува притвор во траење од осум дена.
Силувањето се случило на 6-ти октомври, пред повеќе од шест дена, попладнето околу 16 часот покрај железничката линија во близина на кичевската населба каде живеела девојката.Силувачот од зад грб, мошне брзо ѝ се доближил на девојката и физички ја нападнал ставајќи ѝ ги рацете на нејзиното лице, ја соборил на земја и започнал да ја допира по целото тело. Девојката активно се спротивставила и започнала гласно да вика барајќи помош. Силувачот се обидел со раце да ѝ ја затвори устата, но откако не успеал да го спречи нејзиното викање и отпор, веднаш избегал.Во консултации со Jавен обвинител, полициската станица од Кичево ги презел неопходните мерки за пронаоѓање на сторителот. На 13-ти овој месец, Р.Х. е лишен од слобода а потоа, во присуство на Jавен обвинител извршено е соочување со пријавениот и негово препознавање од страна на оштетената девојка./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

