Црна хроника
Девојче се удавило во базенот на Стара Бања во Куманово

Тринаесетгодишно девојче се удавило во базенот во Стара Бања во Куманово, соопшти полицијата.
Имено, во неделата околу 15.45 часот во СВР Куманово, медицинска сестра од Итна медицинска помош пријавила дека во „Стара Бања“, поточно пред базенот со лековита вода, има непознато женско дете кое е починато. Од преземени мерки било констатирано дека се работи за тринаесетгодишно девојче од Куманово кое се удавило во базенот во Стара Бања. Девојчето околу 15.30 часот дошло со уште две другарки да се капе во базенот. Откако влегле внатре, девојчето скокнало во базенот и од присутните деца била забележана дека дава знаци на давење и била изнесена надвор каде децата и укажале прва помош по што ја повикале Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.