Контакт

Црна хроника

Директор на ЈП “Комунално” од Струга ја злоупотребил службената положба

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против актуелниот Директор на ЈП “Комунално” од Струга, Г.К.(51) од Струга, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по чл.353 од КЗ на РМ.

dobivaj vesti na viber

 

 

Пријавениот се товари дека во својство на службено лице – Директор на ЈП Комунално од Струга, во период од 18.10.2013 до 18.11.2013 година, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што, иако бил должен да постапи согласно член 44 став 4 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство,  самоволно, спротивно и на чл.122 ст.4 од Закон за облигациони односи, противправно го раскинал договорот со приватниот партнер и при тоа му нанел претпоставена штета – испуштена корист во износ од 5.898.960 ден и покрај фактот што приватниот партнер изразил волја за соработка и надминување на еднострано наметнатите недоразбирања од страна на јавниот партнер.

 

Имено, во Законот за концесии и јавно приватно партнерство стои дека – “Концедентот или јавниот партнер е должен во рок од 15 дена пред донесувањето на одлуката за раскин на договорот, писмено да го извести концесионерот или приватниот партнер за повредите од ставот 2 на овој член и да го повика да ги исправи пропустите во однесувањето за да се обезбеди почитување на договорот во рокот утврден со известувањето”, додека Законот за облигациони односи наложува дека „Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди и се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо“.

 

На погоре опишаниот начин, пријавениот како овластено службено лице Директор на ЈП “Комунално”од Струга, со злоупотреба на службената положба и овластување, ја искористил околноста за што е овластен да постапуваат во дадена ситуација, со цел да му нанесе претпоставена штета-испуштена корист на правниот субјект Албафох ДООЕЛ во вкупен износ од околу 6 милиони денари. Инаку, правното лице Албафох ДООЕЛ е трговско друштво специјализирано за вршење работи од областа на давање комунални услуги за отстранување, преместување на непрописно запрени, паркирани, хаварисани и напуштени возила.

 

Согласно досега обезбедената документација, утврдено е дека во тек на 2012 година, по претходна одлука на Управниот одбор на ЈП “Комунално” Струга и согласност на Советот на Општина Струга, директорот бил овластен да отпочне постапка за јавно-приватно партнерство со правни и физички лица. Во август Директорот на ЈП “Комунално” Струга донел Одлука за формирање на комисија за спроведување на постапка за склучување на Јавно приватно партнерство за услуги со специјално возило-пајак на територијата на Општина Струга и во август 2012 година ЈП “Комунално” Струга издал Отворен повик за избор на приватен партнер за вршење јавни услуги со специјално возило – пајак, каде биле изложени условите за учествување на тендерот, односно условите за склучување на Договорот за јавно приватно партнерство. Во отворениот повик било предвидено дека приватниот партнер треба да набави специјално возило-пајак со кое ќе ја извршува работата за време траење на договорот односно за период од 10 години, да врши јавна услуга подигање на непрописно паркирани возила, да ги носи на место кое јавниот партнер го одредил за тоа, а инвестицијата на јавниот партнер била да му обезбеди на приватниот партнер место за складирање на подигнати возила.

 

Во ноември 2012 година Комисијата составила Записник со кој извршила евалуација на единствената понуда пристигната од Албафох ДООЕЛ и донела одлука за избор на најповолен понудувач, склучувајќи и договор во декември.

 

Во договорот било определено дека истиот се склучува за период од 10 години, а во став 2 од истиот член било определено дека висината на месечниот надоместок кој приватниот партнер ќе му го плаќа на јавниот партнер ќе изнесува 25% од стварно извршената работа на месечно ниво. Со договорот, странките се согласиле дека приватниот партнер ќе започне со плаќање на месечен надоместок по отпочнување со работа на специјалното возило врз основа на стварно извршена услуга, во рок од 30 дена по доставена фактура од страна на јавниот партнер, а било предвидено дека составен дел од фактурата се дневните налози за извршената услуга, потпишани од овластено лице на приватниот партнер. Јавниот партнер зел обврска, покрај обезбедување јавно паркиралиште-депо на пајак службата да му обезбеди на приватниот партнер еден работник асистент на специјалното возило. Договорот, било предвидено да престане да важи со истекот на рокот на важење на договорот за јавно приватно партнерство, едностран раскин на договорот за јавно приватно партнерство од страна на јавниот партнер во случај на битни повреди на обврските, едностран раскин на договорот за јавно приватно партнерство од страна на приватниот партнер, спогодбено раскинување на договорот и стечај или ликвидација на приватниот партнер поради кои јавниот партнер можел еднострано да го раскине договор.

Во јануари 2013 година Советот на Општина Струга дал согласност за одобрување за склучување на договорот за јавно приватно партнерство на ЈП “Комунално” Струга.

 

После потпишувањето на договорот, приватниот партнер продолжил со извршувањето на обврските и истите непречено ги извршувал во период од 10 месеци. Во текот на октомври 2013 година од страна на јавниот партнер застапуван од пријавениот, без никаква најава или доставување на било каков допис, му било оневозможено на концесионерот (приватен партнер) да го користи паркинг просторот согласно договорот, при што концесионерот го пријавил случајот во ПС Струга. Во октомври, јавниот партнер до приватниот партнер доставил известување со кое го повикал да се корегира и дополни Договорот за јавно приватно партнерство по однос на три наведени точки во известувањето, кои што воопшто не биле поткрепени со правно издржана аргументација. На ова известување приватниот партнер доставил писмен одговор каде дал објаснување на трите наводно спорни точки, а воедно изразил и подготвеност на преговори и евентуално склучување анекс кон основниот договор.

 

Јавниот партнер, и покрај подготвеноста за соработка од страна на концесионерот, продолжил да не ги исполнува своите обврски, односно не дозволувал паркирање ниту пак испраќал асистент, со што приватниот партнер бил принуден повторно да пријави дека трпел штета и губел заработка која требало да ја оствари друштвото.

 

Во ноември, осомничениот, спротивно на чл.122 од Закон за облигациони односи пристапил кон противправно, еднострано и самоволно раскинување на договорот за јавно приватно партнерство. Образложението за прекин на Договорот, пријавениот го темелел дека при увид во тендерската документација било утврдено дека постапката е некомплетна и незаконски спроведена, а склучениот договор е штетен за ЈП “Комунално” Струга.

 

Во декември 2013 година економски вештак изготви записник со наод и мислење, со кој е утврдена вкупната штета на име изгубена корист односно приходи кои приватниот партнер би ги остварил до крајниот рок на важноста на Договорот во висина од околу 6 милиони денари.

Поднесена е и Тужба до Основен суд Струга, која ја усвоил и го задолжил ЈП-“Комунално” да исплати штета, а жалбата на јавното претпријатие до Апелационен суд во Битола била одбиена како неоснована. /крај/со

Црна хроника

Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари

Објавено пред

Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога

Објавено пред

Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.

За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија8 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија9 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија9 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија9 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија10 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион11 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет11 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија12 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа12 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет13 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет13 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет14 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет14 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа14 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...