Црна хроника
Дошол од Австралија во Битола, пиел цела вечер кај пријател, па починал
Маж од Австралија, откако со пријатели се дружеле и пиеле цела вечер, утрото не се разбудил.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот, утрото од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Битола на улицата „Свети Наум“, во станот сопственост на Н.Г. (48), починал З.М.(45) од Австралија.
Имено, во неделата околу 16 часот, сега починатиот заедно со лицето Ж.Г.(64) од Битола пристигнале во станот на Н.Г., каде бил и М.Х. (58) од Битола. Тие седнале и пиеле, по што Ж.Г. си заминал, а по него заминал и сега починатиот. По околу час и половина, З.М. се вратил во станот, каде продолжиле да пијат сé до околу 2 часот во понеделникот.
Околу 2.30 часот З.М. повторно го напуштил станот и се вратил околу 4 часот и легнал да спие. Во 7 часот, Н.Г. заедно со М.Х. се обиделе да го разбудат З.М. но не успеале.
Повикале итна медицинска помош, која констатирала смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

