Црна хроника
Дрпљанин осуден на осум години затвор за кражба во „Македонски пошти“
Алмир Дрпљанин од Скопје, кој на почетокот на годината беше екстрадиран од Косово, во вторник, во Основниот суд Скопје 1, беше осуден на осумгодишна затворска казна за разбојништво врз возило на „Македонски пошти“, што го извршил во март 2008 година.
„Имајќи ги во предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од осум години. Кривично – правниот предмет за кој беше објавена пресудата се води откако Кривичниот совет при овој суд го прифати барањето на одбраната за повторување на постапката, бидејќи на обвинетиот за истото дело му се судеше во отсуство и му беше изречена казна затвор во траење од 15 години“, информираат од судот.
Против Дрпљанин се водат уште два други кривично правни предмети по дозволено повторување, бидејќи обвинетиот во тој период бил недостапен на органите на прогон, и тоа еден предмет за кривичното дело „тешка кражба’, за кое дело бил осуден во отсуство на две години затвор, а во 2010 година, исто така во отсуство, беше осуден на казна доживотен затвор, како обвинет за убиството на полицаецот Африм Арифи, што се случи во 2008 година, кај Природно математички факултет./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

