Црна хроника
Два нови случаи на криумчарење мигранти
Регионалниот центар за гранични работи – Југ во два одвоени случаи на криумчарење мигранти до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против 42-годишниот Ѓ.М. од село Петрово и 40-годишниот С.П. од од село Волково поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење на мигранти“.
И во двата случаи од страна на судија на претходна постапка на двајцата пријавени им се изречени мерки притвор, за Ѓ.М. во траење од осум дена а за С.П во траење од 30 дена.
Во првиот случај пријавениот Ѓ.М. прифатил и превезувал лица со илегален влез и престој во Македонија, односно илегални мигранти од бензинската пумпа на „Макпетрол“, на автопатот кај Демир Капија во правец Гевгелија – Скопје до близина кај село Каласлари -Велес со намера да ги превезе до Куманово.
Тој е сопрен од страна на УПС од ПС за БПСА Демир Капија, при што во возилото со велешки регистарски таблички биле откриени четири лица илегални мигранти сите од Сирија. Во разговор со лицата илегални мигранти константирано е дека истите оствариле илегален влез во Македонија од Грција, и дека биле со намера илегално да ја преминат државната граница од економска природа и преку Србија да стигнат до земјите од ЕУ.
Во вториот случај, С.П. во петокот прифатил и превезувал лица со илегален влез и престој во акедонија, односно илегални мигранти од село Удово, во правец Гевгелија – Скопје до тунелите кај Демир Капија, со намера да ги превезе до Скопје.
Од страна на патролен тим од Полициската станица за преминот „Михајлово“ при редовна средба со полицајци од станицата во Демир Капија на автопатот во правец Демир Капија – Скопје, кај тунелите на Демир Капија е запрено возило со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од пријавениот, при што се откриени шест лица илегални мигранти од Сирија.
Во разговорот со лицата илегални мигранти констатирано е дека истите илегално влегле во Македонија од Грција покрај пругата, во близина на граничниот премин „Богородица“ продолжиле да се движат пеш во близина на пругата.
Додека се движеле низ шумата ги пресретнало непознато лице и им рекло дека може да им организира превоз до Скопје за цена од 250 евра. Тие му ги дале парите и по кратко време лицето го снемало. Кога сакале да продолжат пешки, на патот пред нив застанало возило и им рекло да се качат за Скопје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

