Црна хроника
Два трупа пронајдени на одделни локации во Прилеп
Два трупа пронајдени се во четвртокот на одделни локации во Прилеп, од кои едниот припаѓа на 64-годишна жена, додека вториот припаѓа на непознато машко лице.
Вечерва во семејна куќа на улица „Александар Македонски“ (поточно наспроти фудбалскиот стадион) во Прилеп пронајден е мртов женски леш кој и припаѓа на 64-годишната прилепчанка М.Ј.
Според првичните неофицијални информации на порталот Шеталиште жената била почината пред 20 дена. На истата и се констатирани повреди во пределот на главата.
Телото е предадено на обдукција за утврдување на причините на смртта.
Вечерва е пронајден уште еден леш кај Сточниот пазар во Прилеп. Според првичните информации пронајденото тело било во распаѓање.
На прес-конференцијата од Итната медицинска помош од Прилеп која пред малку заврши беше соопштено дека машкиот труп бил пронајден во распаѓање, а 64 годишната жена е пронајдена мртва во својот дом, откако нејзиното семејство во неколку наврати се обидело да ја пронајде./крај/ мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

