Црна хроника
Дваесет насилници претепаа двајца 14-годишни скопјани кои завршија во болница

Во саботата навечер, околу 21,30 часот во Скопје близна на мостот „Гоце Делчев“, двајца 14-годишници од Скопје, кои биле во друштво на три девојчиња на истата возраст биле пресретнати од едно засега непознато машко лице кое по кратко време се вратило со група од околу 20 лица на и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
Од извршеното насилство лицата предизвикале страв кај трите девојчиња кои успеале да избегаат. Двајцата нападнати со возило на Итма медицинска помош се пренесени во Гратската општоа болница. Скопската полиција соопшти дека презема мерки за брзо пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали.
Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата.
МВР го бара сторителот.
Црна хроника
Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица.
Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. од село Иловица.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале три лица: С.М.Р. (29) и Х.М.Р. (38), двајцата од Бангладеш, како и К.К. (34) од Непал. Сите имале регулиран престој во земјава. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, соопшти МВР.
Возачот и уште едно лице – Х.М.Т. (24) од Бангладеш – се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Истрагата за причините на несреќата е во тек.
Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.