Црна хроника
Две жени повредени со огнено оружје на веселба во Куманово
Две жени во сабота биле повредени со огнено оружје на семејна веселба во Куманово. Сторителот е идентификуван и уапсен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Деветнаесетгодишно момче од Косово пукало со огнено оружје на семејна веселба на ул. „Сенто Станковски“ во Куманово при што повредил две женски лица. Едната од нив била пренесена во Ургентен центар во Скопје, а на другата и е укажана лекарска помош во болницата во Куманово.
Полицијата извршила увид на лице место. Сторителот Д.А. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Војник повреден за време на работни задачи во „Идризово“
На 1 јануари 2026 година во 16:49 часот, во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда е донесен Б.С. (44) од село Шемшево, тетовско.
Според пријавеното, Б.С., кој е вработен во армијата, се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Црна хроника
Насилство пред полноќ на новогодишната ноќ: скопјанец ја нападнал сопругата
На 1 јануари 2026 година во 17:40 часот, во Полициската станица Чаир, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ѓ.С. (32) од овој град.
Како што информираат од полицијата, постапката била преземена по претходна пријава дека на 31 декември 2025 година, околу 23:00 часот, во семејниот дом физички ја нападнал својата 29-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе следува соодветен поднесок.
Топ
МВР со детали за смрта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата
МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, по што загина двегодишно дете во Скопје.
Според информациите од полицијата, на 1 јануари во 00:58 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето.
Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

