Црна хроника
Еден се самозапалил, еден прегазен од трактор, двајца најдени починати дома
Во саботата еден човек бил прегазен од неговиот трактор, по што починал, еден се самозапалил, додека двајца други еден маж и една жена, најдени се починати, соопшти полицијата.
Имено, во саботата околу 10.30 часот во село Вешје-неготинско Ѓорѓи М. (54) кој со својата сопруга се спремале за извршување на земјоделски работи, во еден момент застанал до тракторот и кога се обидел да го стартува, тракторот почнал да се движи, а истиот обидувајќи се да се качи на тракторот паднал, по што бил прегазен.
Увид извршила увидна екипа од ПС-Неготино, а од страна на лекар од итната медицинска помош констатирана била смрт. Телото на починатиот било предадено на фамилијата за погреб.
Исто така во саботата. околу 14,20 часот во полициска станица „Чаир“, од екипа на брзата помош било пријавено дека во село Волково Ж.У.(54) од Скопје со поливање на непозната течност се самозапалил. Истиот се здобил со изгореници во пределот на главата и телото по што бил префрлен во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош по што бил задржан за лекување.
Истиот ден, околу 11 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“ бб, во поранешните бараки на градежна фирма „Маврово“, во соба, било пронајдено безживотното тело на Велији Ф.(70) од село Врапчиште. Од страна на лекар констатирана била смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Гостивар. По наредба на ЈО, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Околу 15 часот, пак, од екипа на итната медицинска помош-Скопје било пријавено дека на ул.„Михаил и Ефтихиј“ во Скопје била пронајдена почината Милица М.(53) која живеела како подстанар. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на ЈО, телото на почината било предадено на обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

