Црна хроника
Еден загинат и еден тешко повреден во сообраќајка, најдени биле следниот ден

Млад прилепчанец загинал, а неговиот сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот вечерта помеѓу 21 и 22 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод.
Автомобилот „ауди А4“, телото на починатиот и повредениот биле пријавени и најдени дури следниот ден. Сообраќајката била пријавена во полиција во вторникот наутро во 6.15 часот. Било пријавено дека автомобил излетал од коловозот и застанал во канал со вода, а до него имало починато лице. Полицијата отишла на лице место и од разговорот со педесет и едногодишниот сопатник констатирала дека сообраќајката се случила во понеделникот вечерта и дека со автомобилот управувал триесет и четиригодишниот прилепчанец, кој починал на лице место.Сопатникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Општа болница ПрилепУвид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.