Контакт

Црна хроника

Еден загинат во несреќа на патот Кичево

Објавено пред

 

Во вторник, во 14.25 минути случена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево –Гостивар, кај село Колари, во која животот го загуби едно лице.

Патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски таблички излегувало од локалниот пат кој води во село Колари при што во него удрило патничко моторно возило „Ауди“ со кичевски регистарски таблички. При несреќата возачот на „Мерцедесот“, жител на село Колари, се здобил со тешки повреди. Упатен е во Медицинскиот центар Кичево, поради сериозноста на повредите од таму во Ургентниот центар во Скопје, но им подлегнал на повредите. Тројцата патници од возилото „Ауди“ се со лесни телесни повреди.

На лице место кај сообраќајната несреќа увид изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, заедно со увидна екипа од МВР. Во насока на расветлување на причините за случената несреќа, надлежниот обвинител издаде Наредби за вршење на обдукција на починатото лице, за технички преглед на моторните возила, како и за испитување на крвта на учесниците во несреќата со цел утврдување на евентуално присуство на алкохол.

Дејствијата на обвинителството ќе продолжат за да се утврдат фактите во предметот./крај/со/бб

Црна хроника

Починат маж пронајден во стан во Ѓорче Петров

Објавено пред

Педесет и осумгодишен скопјанец е пронајден вчера мртов во неговиот стан во Ѓорче Петров.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

На границата со Грција пронајдени 57 мигранти

Објавено пред

Граничната полиција вчера при вршење контрола на граничната линија со Грција, открила 57 мигранти. Според информациите, 56 од нив се од Пакистан а еден е од Индија.

Тие ќе бидат спроведени во Прифатно-транзитивниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведени 11 криминалци во меѓународна истрага во која учествуваше и Секторот за компјутерски криминал и форензика при МВР

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, во соработка со Европол и Еуроџаст учествуваше во меѓународна истрага, предводена од полициските служби во Германија, а со координирани активности помеѓу полициски служби од Германија, Бугарија, Израел, Латвија, Полска, Шпанија и Шведска.

Криминалните активности се вршеле во повеќе држави во Европа, а се повразни со вршење на измами во вкупна вредност од 30 милиони евра со злоупотреба на онлајн-трејдинг платформи, криптовалути и перење пари , привлекувајќи ги жртвите преку реклами на социјалните медиуми. Шемата за измама, била организирана главно од израелски државјани, вклучувала центри за повици од Бугарија и Република Северна Македонија, а осомничените ги переле нелегалните профити преку банкарски сметки контролирани од компании со седиште во различни земји на ЕУ.

Во текот на истрагата од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика беа преземени мерки и активности со цел идентификација на лица од Република Северна Македонија, кои се дел од криминалните активности и обезбедување на докази.

Во рамки на истрагата лишени од слобода се 11 лица (пет во Бугарија и едно во Израел на денот на акцијата и шест лица претходно во Шпанија), извршени се претреси во Бугарија, Израел, Полска, Северна Македонија и Шведска и запленети се бројни електронски уреди и возила, а банкарските сметки се замрзнати.

Во координација со Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, како дел од меѓународната координирана активност на 11.05.2021 во 06.00 часот изврши претрес, по добиена судска наредба, во дом и деловни простории на А.А.(34) од с.Чегране,гостиварско, при што биле одземени предмети кои се поврзани со вршењето на криминалните активности, а лицето е обезбедено.

Исто така, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, со судски наредби, извршени се претреси на деловни простории на правни лица во Скопје, при што било констатирано дека адресите кои се пријавени во Централен регистар на Република Северна Македонија се лажни и не постојат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија2 часа

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија2 часа

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија3 часа

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет4 часа

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Македонија5 часа

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет6 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија8 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа8 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа8 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет9 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет9 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија21 час

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија1 ден

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија1 ден

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија1 ден

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Досие