Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка кај Лагадин
Почина еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа помеѓу мотор и автомобил што се случи во вторник околу 15 часот на патот Охрид – Свeти Наум кај Лагадин.
Како што соопшти СВР Охрид во несреќата учествувале патничко возило и мотоцикл со охридски регистарски таблички. Од засега неутврдени причини дошло до директен судир при што тешко настрадале возачот и сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во охридската општа болница, каде по неколку часа на повредите им подлегнал сопатникот на мотоциклот роден 1995 година, додека возачот по укажаната помош со тешки телесни повреди е упатен на скопските клиники.На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата и извесен период сообраќајот на овој патен правец беше затворен./крај/мф/
Извор: фото и текст Ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

