Црна хроника
Еден загинат во тешка сообраќајка кај Валандово
Еден човек загина во тешката сообраќајна незгода што се случила на патот Нов Дојран – Валандово дваесетина минути пред полноќ во четвртокот, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, околу 23.40 часот на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово, во близина на крстосницата за село Николиќ, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Голф 3“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (41) од село Фурка, дојранско, удрило во камион влекач „Сканија“ со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.М. (61) од село Стојаково. Во незгодата на самото место починал Д.А., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата од Гевгелија. Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. Сообраќајот бил во прекин од 00.00 до 02.30 часот./крај/со/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

