Црна хроника
Една малолетничка нападната, друга исчезната во Тетовско
Во СВР Тетово во петокот се пријавени дава случаи во кои една малолетна девојка е физички нападната, а во другиот е пријавено исчезнување на друга малолетна девојка.
Во петокот вечерта, околу 20.30 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово. 16-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и оделе пеш по улицата биле следени од три непознати лица коишто им дофрлувале. Притоа едно од лицата физички ја допрел девојката во задниот дел од телото, а кога таа изреагирала со глава ја удрил во пределот на лицето, по што го напуштиле местото на настанот
На девојката ѝ е укажана лекарска помош во Кличничката болница во Тетово, а СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
Во полициската станица во Групчин, 35-годишен жител на тетовското село Желино пријавил дека пред околу три дена неговата 15-годишна ќерка која била на гости кај роднини се оддалечила во непознат правец. Тетовската полиција и во овој случај презема мерки за пронаоѓање на лицето./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

