Црна хроника
Финансиски криминал тежок 316.000 евра откриен кај две струмички фирми
Управата за финансиска полиција во соработка со Основното јавно обвинителство во Струмица откри финансиски криминал во струмичките фирми „Пакетов Еуро Градба“ ДООЕЛ Струмица и „Кетрин Ем“ исто така од Струмица кои со финансиски криминал успеале да го оштетат Буџетот на Република Македонија за сума нешто поголема од 316.000 евра.
Пријавените сопственици и управители на двете струмички фирми се осомниени од страна на Финансиската полиција дека подолг временски период поголемиот дел од своето работење во делот на трговија со градежни материјали, играчки и друга стока увезена од Кина го вршеле на незаконски начин се со цел да не пријават и да не платат даноци во државната каса.Пријавените се сомничат дека вршеле продажба на увезените производи во кеш на разни купувачи без притоа да ја евидентираат извршената продажба во сметководството на фирмите и без да пресметаат и платат данок согласно позитивните законски прописи што важат во Република Македонија.Подолг временски период, струмичките бизнисмени биле комотни во своето поведение па не поднесувале завршни сметки за фирмите, не поднесувале ДДВ пријави и на крајот за да спречат можност да бидат откриени, ја уништиле и целокупната книговодствена евиденција и документација со која располагале правните лица.Со цел избегнување на одговороста, пријавените Р.Ј и М.Ј. го примениле веќе добро разработениот рецепт за прикривање на финансиски криминал, па формално една од струмичките фирми ја префрлиле на извесно лице Стојан Кондев Илиев од Благоевград-Република Бугарија, лице за кое со помош на ИНТЕРПОЛ Бугарија е потврдено дека е лице со лажен идентитет, а патната исправа која е употребена во македонските институции е добро изработен фалсификат. Во текот на предистражната постапка утврдено е дека формалниот пренос на сопственоста на фирмата која е вмешана во тежок финансиски криминал е извршен кај нотар во Штип кој од поодамна и е познат на Финансиската полиција како учесник во повеќе матни зделки со фирми осомничени за финансиски криминал.Финансиската полиција продолжува со истражување и на останатите фирми кои се сопственост на пријавените струмички бизнисмени како и на фирмите со кои осомничените фирми имале чести бизнис релации се со цел утврдување дали и овие фирми се вмешани во матните зделки на пријавените./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

